Нашата визија за човечките ресурси

Нашата визија за човечките ресурси е да се применуваат ефикасни кадровски политики кои ќе имаат стратешка улога во остварување на бизнис целите на корпорацијата.

Нашата политика на човечки ресурси

Свесни сме дека нашата корпоративна мисија за ширење на бенефициите и поволностите од млекото може да се постигне единствено со тим што поседува лидерски дух, посветен на оваа цел и експерт во својата област. Веруваме дека среќата и мотивација на нашите вработени се клучот за нашите квалитетни производи и услуги. Затоа ги формираме нашите политики за човечки ресурси преку проактивен и иновативен пристап, водејќи се според љубовта, хуманизмот, еднаквоста, довербата и транспарентноста како наши принципи. Нашите политики за човечки ресурси произлегуваат од сфаќањето што значи „да се биде семејство“. Според ова сфаќање, ние го слушаме и посветуваме внимание на секој наш вработен, слично како кога се грижиме за член на семејството, спроведувајќи ги активностите од областа на човечките ресурси во согласност со нашите корпоративни вредности. Нашите соработници од секое ниво се лидери во нивната работа. Знаејќи го ова, им делегираме задачи кои се соодветни на нивното искуство и вештини, истовремено охрабрувајќи ги да преземаат иницијатива. Ги ревидираме нашите политики и операции за зголемување на ефикасноста и ефективноста со цел да ги задоволиме потребите на нашите вработени и да им помогнеме да напредуваат.