Балканска Млекара ДООЕЛ Скопје e oснована во 2012 година како подружница на Sutaş - турскиот водечки бренд за млеко и, генерално, во индустријата на млечни производи. Sutaş, лидерот во индустријата на млечни производи во последните 7 години, се наоѓа на 67 место меѓу првите 500 врвни индустриски организации во 2012 година.

Во Турција, гордеејќи се со годишниот капацитет за преработка на млеко од 750 милиони литри, а благодарение на 38-те години експертиза и посветеност, Sutaş обезбедува директно вработување на околу 4.000 луѓе во центри за обука, фарми за одгледување на kpabи, фабрики за сточна храна, фабрики за млечни производи, како и фабрики за рециклирање и енергетски постројки, кои ги има изградено според својот интегриран бизнис модел „Од трева до трпеза“.Овој уникатен модел е гаранција за квалитетот и природниот вкус на производите на Sutaş и голем извор за индиректни вработувања и за редовна дистрибуција на приходи.

Препознатливиот интегриран бизнис модел на Sutaş „Од трева до трпеза“ се планира да се примени и во Македонија, давајќи значајни резултати во производството, вработеноста и распределба на приходот поради неговото влијание во сродните индустрии за растително производство, сточарство, логистика и услуги.

Балканска Mлекарa е сместена во близина на Скопје на 24.149 квадратни метри, Балканска млекарница Македонија има годишен капацитет за преработка на 70 милиони литри млеко. Директното вработување од страна на Балканска Mлекарa во Македонија се очекува да достигне до 250 нововработени со помош на претстојните инвестиции.

Објава на Б-интегрирана еколошка дозвола

Нашата мисија

Со цел да обезбедиме природни и вкусни млечни производи кои ќе го подобрат квалитетот на животот на луѓето и ќе им донесат здравје и среќа, ние го управуваме и развиваме млечниот синџир на вредности –од фарма до трпеза- и ресурсите кои ни се доверени на најефикасен начин, со страст за споделување на благодетите и изобилството на млекото.


Нашата визија

Да станеме најсаканиот бренд, корпорацијата со најголема доверба и водечка компанија во млечниот сектор.


Нашите вредности

Почит
Имаме почит кон луѓето, општеството и природата.
Одговорност
Со фер и транспарентен начин на однесување секогаш спремни да дадеме отчет со што ги браниме нашите одговорности.
Совршеност
Секогаш се развиваме и подобруваме со цел да станеме највешти во нашиот бизнис.
Страст
Ние сме страсно посветени на добрината и изобилството на млекото и млечните производи.


НАШАТА ПОЛИТИКА НА ДЕЛОВНО ОДНЕСУВАЊЕ

• Ние ја нагледуваме среќата на нашите вработени и се грижиме за нивниот развој.
• Се стремиме да постигнеме (заеднички) договор во сите наши одлуки и да стигнеме до точните одговори, заедно. (При донесување на одлуки за цел имаме преговарање, заеднички да се најде вистинската комбинација и да се создаде заеднички ум.)
• Нашата работа ја извршуваме под водство на науката и технологијата со постојано преиспитување и учење.
• Нашата работа ја гледаме како општествена одговорност и се развиваме заедно со нашите акционери.
• Креативноста и иновативноста е наша мисија и одржливоста ја гледаме како гаранција.
• Ние природните ресурси, ги користиме и развиваме на најефикасен начин свесни за рециклирање и обновливост.
• Почитувајќи ги принципите за корпоративното управување се стремиме за континуирано подобрување на структурата.
• Се придржуваме кон етичките принципи.