СУТАШ, лидерскиот бренд за млеко и млечни производи во Турција, сега и во Македонија

СУТАШ, лидерскиот бренд за млеко и млечни производи во Турција, ги заврши формалностите за преземање на фабриката за млеко и млечни производи изградена во населба Илинден - Скопје, главниот град на Македонија. Мухаррем Јилмаз, Председателот на Групацијата Суташ, во изјавата што ја даде околу темава го рече следното:

``Со новините кои како Суташ ќе ги воведеме во секторот имаме за цел да ги зголемиме пазарите во Македонија и во околните земји и да го искачиме потрошувачката на млеко и млечни производи во регионот.``

“Исто така, рече понатаму Јилмаз, целта ни е освен капацитетите во Скопје нашиот бренд и нашите производи да ги пласираме во Балканските земји на чело со Македонија, Албанија и Косово какои на пазарите во Европа``. Јилмаз притоа наведе дека со новите инвестиции што ќе бидат направени ќе го зголемат капацитетот на преработка на млеко од 70 милиони литри годишно , колку што изнесува капацитетот на фабриките во моментот, на 175 милиони. Јилмаз рече дека за да може да се развие толкав капацитет на производство на млеко во Македонија ќе се соработува со универзитети, производители, со другите соработници од секторот , како и со Владата на Република Македонија.

Во својата изјава за инвестицијата на Суташ во Македонија Председателот на Групацијата Суташ истакна дека за една година бројот на директните вработувања на Суташ во Македонија ќе изнесува над 100 лица , а кога инвестициите ќе се завршат очекуваат тој број да ја достигне цифрата од 250. Јилмаз наведе дека кога ќе се земе во предвид дека секторот на млечните производи создава индиректно вработување и во секторите како што се земјоделие, сточарство, логистика и услуги оваа инвестиција на Суташ ќе вроди значителни резултати од аспект на вработувањето и на поделбата на доходот.